Преку 1 милион студенти се бездомници


Бројот на бездомни студенти во САД е поголем за 13 проценти од минатата година.

New York City's Homelessness Rate At All Time High, As State Considers Pulling Funding For Key ProgramСпоред дневниот весник „Huffington Post“, преку 1 милион студенти само во САД се бездомници.
Тој ја следи приказната на бездомната адвокатака Дијан Нилан, која е една од најдобрите државни експерти за семејното бездомништво. Кога таа ги слушнала вестите и бројката на министерството за образование на САД, таа изјави дека воопшто не е изненадена од цифрата.

„Истата приказна, одново и одново. Некој ќе ја изгуби работата, некој ќе има медицински проблем, животи се распаѓаат, бум, бум, бум. Сега тие живеат во прифатилишта, спијат во мотели, а бројката е застрашувачки висока, но тоа веројатно е само пола од вистинската бројка бидејки децата неможат да се избројат“- проговори Нилан за ХП.

Министерството за образование на САД, изјави дека 1,065,794 бездомни студенти се запишани оваа учебна година, што е за 13 проценти повеќе од ланската, а 57 проценти повеќе од 2007 година, кога почна рецесијата и кризата.
44 држави пријавиле зголемен број на бездомни студенти, а 15 од нив изјавиле дека секој петти студент е бездомник.
Извештајот исто така укажува на фактот дека бездомните студенти поминуваат многу полошо на тестовите за разлика од студентите кои имаат “кров над глава“.
„Немаш траен пресој каде можеш да живееш, па затоа мораш да смениш повеќе образовни институции. Тоа те влече назад и ти заостануваш, тоа е и социјално и емоционално мачење.“ – изјави Барбара Дуфилд, директор на Асоцијацијата за Бездомни деца и младина за ХП.

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1