Во близина на викендичката на Деметрис Кристофијас полицијата пронајде 1,36 килограми експлозив ТНТ, подготвен за детонација
Претставникот на полицијата Андреас Ангелидис им рекол на новинарите дека експлозивот и детонаторот, подготвени за употреба, биле пронајдени на околу петстотини метри од куќата на претседателот во близина на јужниот приморски град Лимасол.
Експлозивот бил скриен под дрво, на околу 15 метри од главниот пат. Ангелидис рекол дека ТНТ е пронајден врз основа на дојава, а според државното радио, детонаторот можел да биде активиран со далечински управувач.
Политички мотивираните напади на Кипар се реткост, но поради рецесијата, Кристофијас и неговата влада станаа непопуларни.
Кристофијас е првиот претседател на Кипар кој нема да се кандидира за реизбор, кога на островот ќе бидат спроведени избори во февруари 2013 година.
Нова Македонија