Новинари внеле експлозив во полскиот Парламент


Новинарите на полската телевизија внесоа експлозивни материјали во зградата на Сејмот (Долниот дом на Парламентот) за да ја докажат нефункционалноста на безбедносниот систем.

germanija,bombaНовинарите успеле да внесат три килограми материјал од кои може да се направи бомба, Целта им била да ја докажат нефункционалноста на безбедносниот систем на Сејмот по апсењето на 45-годишен маж, кој планирал да постави бомба во зградата на Парламентот.

Експлозивните материјали биле внесени од спореден влез преку подземен коридор се до салата за седници. Лицето што ги внело експлозивните материјали ја оставило торбата во првиот ред, кога лидерот Лешек Милер на Сојузот на демократската левица држел прес-конференција.

Иако торбата била оставена пред Милер никој од надлежните не обрнал внимание.

– Тоа покажува колку лесно може да се влезе во зградата, изјави претседателката на Сејмот, Ева Копач, иако претходно тврдеше дека Парламентот е добро заштитен и оти нема потреба до дополнителни безбедносни мерки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1