ФОТО: Доказ дека љубовта е вечна – ни смртта не ги разделила


61433Мојот драг сопруг Џон и јас бевме во брак 46 години. Секој Свети Валентин тој ми испраќаше букет од најубави цвеќиња со кои пристигнуваше порака со пет едноставни зборови: „Мојата љубов за тебе расте“. Четири деца, 46 букети цвеќе и живот преполн со љубов беше тоа што ми го остави откако почина пред 2 години.

На првиот Валентин кој го поминав сама, 10 месеци откако го изгубив, бев шокирана кога ми пристигна прекрасен букет од Џон. Лута и со скршено срце се јавив во цвеќарата за да им објаснам дека е направена грешка.

 Тие ми објаснија: „Не госпоѓо. Не е направена грешка. Пред да почини, вашиот сопруг ни плати за неколку години нанапред, и ни побара гаранција дека вие ќе продолжете да добивате цвеќе секој Свети Валентин.“ Со срцето во грлото го затворив телефонот и ја прочитав пораката која пристигна заедно со букетот. На неа пишуваше: „Мојата љубов за тебе е вечна“.

Извор: Факултети

61433

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1