Мажте кои одат во тоалет во еден бар во Кембриџ, може да одиграат една од трите игри, секој пат кога го користат писоарот.
Видео играта е на пробно тестирање во овој бар, а е воведена во јули. Веднаш стана популарна меѓу посетителите.
Еден од креаторите на оваа игра, Гордон Мек Свин, во прв момент не бил сигурен како јавноста ќе реагира, но штом ја забележал радоста на посетителите, знаел дека направил одличен потег.
Играта е дизајнирана така што траела 55 секунди, период кој просечниот маж го поминува додека уринира. Пред да започне играта, на екранот ротираат реклами за пијалоци кои може да се купат во барот.