Околу 25.000 физички лица се на црната листа на Централниот регистар и не можат да отворат нова фирма, ниту да фигурираат во управување се додека не ги расчистат долговите на старите комапнии, пишува „Дневник“ .
Освен 24.459 физички лица, на листата има уште 20.400 правни лица и ако нивното име се појави во некоја пријава, електронскиот регистар ќе ја забрани регистрацијата на компанијата. Тоа се лица кои свесно или несвесно ги довеле фирмите до пропаст. Нема податоци колкав е нивниот долг кон државата и кон работниците.
Нема податоци ниту за тоа дали меѓу овие 25.000 има звучни имиња, единстевно што се знае е дека на списокот нема транзициски директори, тука само лица кои ги уништиле фирмите после 2010 година.
Лани бројката на директори на црната листа изнесувала 33.000 физички и 25.612 правни лица. Намалувањето се должи на прочистувањето на неактивните субјекти кои се бришат од Ценралниот регистар.
Извор – Дневник