На youtube и низ социјалните мрежи се појави видео на кое се вели дека е порака од македонските анонимуси до македонската влада. Во видеото се вели дека се бараат предвремени избори и оставка на раководството на ВМРО ДПМНЕ, велат доколку нивните барања не се исполнат до први март до 18 часот, ќе превземат конкретни чекори кон одбрана на Македонија.
Под видеото веќе има коментари дека барањата на анонимуси се идентични со оние на СДСМ.
Нема информација дали е видеото од македонската мрежа на анонимуси или некои го искористил нивното име. Профилот на фејсбук и налогот на you tube се нови и на нив го има само ова видео.
Еве што се вели во дел од коментарите под видеото.
— Оваа порака не е пуштена од наша страна, и целосно се оградуваме од тоа што се вели во оваа порака.Ovaa poraka ne e od Anonymous.Isto taka i Anonymous Macedonia se ograduvaat od ovaja poraka, tie sto ja napravile vrska nemaat so Anonymous.Anonymous ne podrzuvaat partii.
—- Кој е да го направил видеото секоја чест се е точно така треба да се направи !
—- Koj i da go ima napraveno videovo nema pojma za sto se borat Anonimus. So vakvi gluposti izleguvaat samo smesni lugevo sto go pravat ova.
—- ima golema vistina vo ova video,bez razlika koj go pravel!
—- poraka e napravena od SDSM.Korisnikot na Acc e aktivist na sdsm.
—-ГЛУПОСТ НА МЕСЕЦОТ хаха
—- од кога СДСМ станаа толку анонимни ?!?
Еве што се вели во видеото (интегрален текст од описот под видеото )
Поздрав граѓани на македонија. Ние сме анонимни, Порака до македонската влада:
Доста Беше, Затоа што,
ги поделивте Македонците, на ваши и наши, Затоа што, ја уништивте демократијата, Затоа што, секој успешен бизнис е превземен од страна на вашите мафијаши, Затоа што, ги понижувате бранителите, Затоа што, поставувате команданти на УЧК за министри, Затоа што, не смее да се вее македонското знаме на македонска територија, а секојдневно се креваат знамиња и споменици на туѓи држави и луѓе кои ги убивале македонските бранители, Затоа што, водите политика за поделба на македонија.
Бараме:
1. Распишување на предвемени парламентари избори.
2. Оставка на раководството на В М Р О – ДПМНЕ и доколку победи В М Р О – ДПМНЕ во владата да дојдат нови, чесни луѓе.
3. Да не се коалицира со Д У И-УЧК. Ова се однесува и на СДСМ.
4. Да се ослободат сите политички затвореници.
Доколку нашите барања не се исполнат до први март до 18 часот, ние ќе превземеме конкретни чекори кон одбрана на македонија. Ние сме Анонимни, Ние сме сенки, ние не забораваме, ние не простуваме, очекувајте не насекаде. Господ нека ве благослови сите и Господ нека ја благослови Република Македонија.