Руски пратеник кој се водеше за исчезнат е пронајден мртов.
Според полицијата било пронајдено тело зацементирано во буре, за кое истрагата открила дека му припаѓа на рускиот пратеник.
Телото на рускиот пратеник Михаил Пахомов е најдено во подземна гаража во селото Обухово.
Полицијата не дава информации како го пронашле бурето и дали имале дојава. според нив во буре полно со цемент се откриени човечки остатоци кои се веднаш дадени на анализа. Се покажало дека телото му припаѓало на исчезнатиот руски пратеник.
Полицијата има информации за можните сторители и досега се уапсени 11 лица за кои се смета дека се вмешани во случајот, а наводно во киднапирањето бил вмешан и поранешен министер, но полицијата не откирва повеќе детали.
37-годишниот Пахомов исчезнал на 12 февруари во градот Липецк во централна Русија, а полицијата веднаш започнала истрага.
По што е пронајдено телото во бурето со цемент.
Полицијата сѐ уште го нема утврдено мотивот за очигледно нарачаното убиство на рускиот пратеник.