Германската државјанка 19 годишната Бетина Зигнер која со години била злоставувана во селото Каравласи во тузланскиот кантон за прв пат во јавност по обелоенувањето на ужасната приказна која го потресе Балканот.
Бетина била донесена во судот каде започна судењето на нејзините злоставувачи Миленко и Славица Маринковиќ. Бетина била во посебна соба одделена од злоставувачите, а инаку е сместена во сигурна куќа во подрачјето на Тузла.
Случајот со злоставвуањето го пријави соседот Сеад Макалиќ. Девојчето со години била изложена на психичко и физичко малтретирање, сексуално се изживувале врз неа и ја принудувале на сексуални односи со животни, на тешка физичка работа и ја прегладнувале.
Бетина изјавила дека првите години кога дошла во Босна добро постапувале со неа и само ја терале да работи тешка физичка работа.
Кога наполнила 15 години почнала тортурата. Ја тепале, ја терале да спие во шталата и не и давале храна. Ја тепале и очувот и мајката и другите деца на Миленко ја тепале сите по ред, а синот на Миленко ја сечел со усвитен нож по лицето и рацете.