Нема веќе упати за на лекар – од април се укинува хартијата


Од средината на месецот април веќе нема да ни бидат потребни хартиени упати за кај специјалист. Прегледите и интервенциите од средината на април ќе се закажуваат преку интегрален компјутерски систем, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.

doktor pacient1Електронското закажување на прегледи ќе се спроведува од примарното до терцијарното ниво на здравствена заштита.

Доколку пациентот треба да оди кај специјалист, откако веќе ќе отиде кај својот матичен лекар, матичниот ќе го закаже прегледот и ќе пополни електронски упат преку системот, а на пациентот ќе му остане само да отиде кај специјалистот во терминот кој му е закажан.

Воедно, министерот за здравство денеска најави и строги санкции за за оние лекари кои нема да го почитуваат новиот систем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1