Босанските власти најдоа афлатоксин во млека увезени од Словенија, Унгарија, Германија и Србија


Босанската канцеларија за ветеринарство утврдила дека зголемена концентрација на афлатоксин во пратките со млеко од Словенија, Унгарија, Германија и Србија, јавува агенцијата СРНА.

316745-tuna-553032s1Зголеменото количество е утврдено во лабораториите откако граничните ветеринарни инспектори зеле примероци од млеко на граничните премини.

За утврдената состојба известени биле и увозниците на млеко во Босна и Херцеговина, а се уште не е соопштено кои се произведителите.

– Сите пратки кај кои е утврдено зголемена содржина на афлатоксин се наоѓаат во складишта на увозниците и се под надзор, се наведува во соопштението на босанската канцеларија за ветеринарство.
Кај нас Агенцијата за храна и ветеринарство до сега утврди зголемено присуство на канцерогениот афлатоксин во млекото Лагано јутро на хрватски Дукат.

АЛАРМАНТНО – ОД 35 ПРИМЕРОЦИ МЛЕКО, 29 ТОКСИЧНИ – И МЕГЛЕ, ИМЛЕК, НИШКА МЛЕКАРА,
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1