Повеќегодишната потрага по хакерите кои упорно упаѓаат во компјутерските системи, на американските компании, на крајот заврши до 12 катница сместена во неугледно предградие на Шангај, опкружена со бројни салони за масажа, пишува „Њујорк Тајмс“. Под низата на еднолични прозори и бетонска ограда, се наоѓа шангајската група или „Коментаторскиот одред“, како што досега ја нарекуваа хакерската група, која всушност претставува мистериозната комјутерска единица на Ослободителната војска 61398. Народната ослободителна војска на Кина, белиот облакодер е нејзиниот приградски штаб.
Ваквата изјава е дадена во извештајот на американската компанија за сигурноста на интернетот „Мандиант“, која ги истражува хакерските напади на „Њујорк Тајмс“, по објавата на текстот за имотот на семејството на кинескиот премиер Вен Џиабао.
Во својот извештај од 60 страници, за истрагата на компанијата е наведена хакерската група, на Запад позната под името „Коментаторски одред“. 61398 е името на кинескиотодред за сајбер војувањето за кое се знае мнгоу малку, а повеќето напади на компаниите во САД и другите западни земји, стигнуваат од околината на таа зграда.
Новоизградениот облакодер во предградието во Шангај, очигледно е центарот на одделението 61398.
„Тешко е да се верува дека одделот на кинеската војска кој е задолжен за најконтролираната интернет мрежа на светот, да не знае за хакерите кои оперираат од истото соседство“, истакнал Кевин Мандиа, основачот и извршниот директор на „Мандиант“.
И другите компании за безбедност во САД веруваат дека кинеската хакерска група работи на сметка на „државен буџет“. Во неодамнешниот Национален извештај на американската агенција за национална безбедност, се укажуваа на тоа дека многу хакерски групи имаат нареби од страна на воени лица за упад во туѓи системи. И американските претставници потврдуваат дека Мандиантовиот извештај се совпаѓа со извештаите на Националната комисија за разузнавање.
Белата Куќа не малкупати го произнела својот страв од кинеските официјални лица вклучувајќи го и военото раководство. Американската администрација планира да започне агресивна борба проив хакерите и затоа Владата соопшти дека планира да интернет провајдерите ги споделат информациите со повеќето хакерски групи, вклучително и Коментаторскиот тим.
Оваа единица според досегашните извештаи, во преку 140 упади во компјутерските системи, успеала да украде над стотина терабајти податоци, од почетокот на 2006 година. Сепак ова се само неколку идентификувани напади, и се смета дека оваа група извршила уште неколку илјада дополнителни. Откриено е дека често се задржувале во системот во период од една година, но, понекогаш знаеле да се задржат и до четири години.
Повеќето од жртвите доаѓаат од САД, а помалку се од Канада и Велика Британија. Меѓу украдените податоци се и имејл адреси од раководители на компаниите.
Меѓу целите се најде и Кока Кола, но експертите велат дека нападите се насочени првенствено кон компании поврзани со инфраструктурен систем, системот на мрежа, нафтоводи и водовод.
Кина ги негира ваквите обвинувања
Кинеската влада негираше било каква вмешаност во хакерските напади. Амбасадата на Кина во Вашингтон, изјавила дека владата во Пегинг не се впушта во такви работи поради нелегалноста на истите, а тамошните официјални лица пак го возвраќаат ударот, наведувајќи дека токму Кина е жртва на хакерска група од страна на американското Министерство за одбрана и внатрешни работи. Функционерите тврдат дека се избегнуваат ваквите дискусии во јавноста поради дипломатските причини.