Во кинеската провинција Гуангаси, се одржуваат таканареченеи опасни претстави во кои главните актери, мажи злоставуваат деца поради забава.
Имено маж со еден негов помошник, на децата им ги дислоцира рацете, ги извртуваат за 360 степени и се со цел да ја забавуваат насобраната маса народ.
На ваквите крајни бизарни претстави, се собираат над стотина луѓе, кои можат да просведочат и за врзувањето на металните кабли околу вратовите на децата, кои трпат болка се до границата на издржливотста.
И животните се вклучени во ова шоу, па така во оваа претстава ѕвездата бил и еден мајмун кој е натеран да конзумира цигари.
Не е јасно како законски е можно да се изведуваат ваков вид на перформанси, ниту пак зошто полицијата и надлежните служби не си ја работат својата работа за да го спречат сето ова.
Но, можно е да се во прашање културолошките разлики и обичајот кој е иземен од кривичното законодаство.