Се воведува данок на спалната соба


Со оваа давачка британската влада сака да ги натера луѓето кои живеат во поголеми станови и куќи или кои имаат повеќе спални соби да се откажат од нив за да се ослободи повеќе простор за живеење на пренатрупаните семејства. Главниот аргумент на британската влада е дека измените ќе помогнат да се заштедат 23 милијарди годишно од трошоците кои и се создаваат на државата со законот за куќни бенефиции.

Stafford_Queen_BedВо Велика Британија законот за бенефиции предвудува финансиска помош за закуп на станови на студенти, сиромашни, самохрани мајки и други социјално загрозени категории. Владата смета дека голем дел од овие категории граѓани изнајмуваат поголеми станови и со тоа државата потоа троши повеќе пари на кириите.

Вториот аргумент е дека оние кои живеат во пренатрупан простор ќе можат да си дозволат комоција на сметка на оние кои живеат во простор кој не им е потребен само поради луксуз. 

Законот наиде на голема критика во опозицијата, но и исмевање во медиуми. Според критичарите, владата е самата контрадикторна во своите аргументи. Тие велат дека загрозените не изнајмуваат поголеми станови поради луксуз, туку поради фактот дека во Британија е мал бројот на станови со една спална соба, па голем дел од жителите се приморани да одат во поголеми станови.

И покрај големите критики, британска влада, според пишувањата на медиумите е упорна во намерите да ја воведе оваа давачка.

Па така, многу скоро може да се случи сите оние кои имаат една спална повеќе одошто државата пресметала со правилникот дека им е потребно, ќе си плаќаат данок на секоја спална.

Извор – Нова

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1