Коњите за пајтонот стасаа, се чуваат како воена тајна


Веќе десетина дена двата липицанера се во карантин на приватен ранч во Волково. Пристапот до нив е строго забранет, пишува Утрински весник. Таму биле пренесени откако по неколкудневно чекање ја добиле дозволата за влез во државава што ја издава Агенцијата за храна и ветеринарство. 

konji lipocaneriУтрински се обиделе барем од далеку да ги фотографираат но вработените добиле наредба да не дозволуваат пристап до коњите и да не даваат никакви информации за нив. Единствено рекле дека животните се преубави, дека се во одлична кондиција, имаат искуство во влечење пајтон и оти во карантин ќе бидат 30 дена. Познато е дека коњите се купени од приватна одгледувачница од Солун, вредни се околу 18.000 евра, а ги пазари фирмата „Технометал“ од Скопје.

Липицанерите се бели, високи се 174 сантиметри што е натпросечна висина, стари се седум години, кастрирани и се повеќегодишни балкански прваци во својата раса.

Надлежните неколкупати досега најавија дека најверојатно пајтонот ќе почне да вози најдоцна до 15 март. По која траса ќе вози и колку ќе се наплаќа, допрва ќе биде утврдено.

Izvor – Utrinski vesnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1