Зоран Иванов доби отказ од Алфа – се откажува од сите новинарски награди


Новинарот Зоран Иванов, кој во среда доби отказ од телевизијата Алфа, ќе ги врати сите новинарски награди што ги има добиено во знак на револт од состојбите во новинарството.

zoran ivanovТој се откажува и ги враќа трите државни награди „М.Х. Јасмин“, двете „К.П. Мисирков“ за најдобар новинар на годината, наградата за „Животно дело“ во новинарството и сите други многубројни новинарски награди и признанија.

„Новинарството во Република Македонија е поразено и јас сум дел од тој пораз. На македонското новинарство му треба револуција и нов почеток. Верувам во тоа и во таа насока ги поттикнувам младите новинарски генерации“ пишува Иванов во соопштението до јавноста.

По четириесет години новинарска работа, Иванов пишува дека не може да биде дел од македонската новинарска историја.

„Вулгарната дневна политика го купи, го присвои, го окупира целиот македонски медиумски и новинарски простор. Го промовираше во картелска пропагандна машинерија, ги обесправи и ги понижи новинарите и ги вјарми во алатки за бесрамни манипулациии. Во плурална Македонија новинарството ја загуби смислата. Тоа стана егзекутива на политиката управувана од владејачкиот партиски пропаганден центар“ додава Иванов.

Како што јавија некои портали, досегашниот одговорен уредник во телевизијата „Алфа“ среде емисија го добил решението за престанок на работниот однос со образложение оти со новата програмска шема „немал доволен ангажман“

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1