Демант на Заев – јас сум прв соработник на Црвенковски пишувањата се смешни


Зоран Заев, градоначалникот на Струмица и потпретседател на СДСМ, ги демантира нинформациите на „Република“, дека има Заев тврди дека има голема поддршка во раководството, и дека има судир во СДСМ и дека барал оставка од Црвенковски..Во демантот кои го објави и на својот фејсбук профил Заев вели –

zaev demant,,Го читам текстот објавен во провладините медиуми и се смеам. Дали може да се оди до таа крајност, со вакви приказни за мали деца да се обидува власта да ги замагли очите на граѓаните од реалноста што ни се случува во Македонија.
Јас сум човекот кој пред неколку дена учествуваше во донесувањето на одлуката за бојкот и истовремено со личен гест ја потврдив таа одлука за бојкот со неподнесување на кандидатски листи. Јас сум прв соработник на Бранко Црвенковски, јас сум еден од тие што учествуваат во донесување на сите одлуки во Социјалдемократскиот сојуз.
Така што вакви приказни кои што се шират по провладините медиуми се само гол обид да се сврти вниманието на јавноста од она што значи навлегување во катастрофално сценарио на Република Македонија од страна на оној кој што е повикан да ја води оваа земја, а тоа е Никола Груевски и владејачката партија,,

РЕПУБЛИКА: ЗАЕВ БАРА ОСТАВКА ОД ЦРВЕНКОВСКИ

zaev demant

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1