Вечерва стотина граѓани се одзваа на повикот на Фејсбук на лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов по повод именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана, јави порталот „А1 он“.
Насобраните откако во 19 часот се собраа, се упатија во канцелариите на Достоинство, каде се одржа состанок, затворен за медиумите.
Ангелов за порталот не открил која е целта на состанокот, но повторил дека бранители не се согласуваат и нема да го премолчат именувањето на командантот на 116 бригада на УЧК за министер за одбрана.
Во текот на денот, кога повикот се појави на социјалните мрежи, Ангелов за медиумите изјави дека не стои зад повикот.
фото: „А1он“