Доколку се прашувате која е тајната на младиот изглед на холивудските ѕвезди, веројатно ќе се изненадите какви бизарни третмани користат.
Екс сопругата на Том Круз, Кејти Холмс користи крема од плацента на овци, со цел да го успори процесот на стареење.
Кремата која ја користи Кејти Холмс се прави во Нов Зеланд, а благодарение на неа актерката има толку чисто и прекрано лице.
А, нејзиниот екс, холивудскиот заводник Том Круз обожува јапонска козметика па користи крема за лице која се прави од измет на славеј.
Латино дивата Џеј Ло употребува маска од тестиси на бик која и помага кожата да и биде сјајна.
Актерката Анџелина Џоли користи крема од кавијар за да го задржи што е можно подолго младиот изглед.
За подобро расположение Деми Мур пие крв од пијавици, барем еднап годишно.
Веројатно не знаевте ни дека Кетрин Зита Џонс ги чисти забите со јагоди и зелена јаболка?
Изгледа дека холивудските ѕвезди навистина многу вложуваат, но и низ многу работи поминуваат за убавина.