Холивудски ѕвезди кои биле невини до првата брачна ноќ!


Холивудскиот врв сите најмногу го познаваат по гламурот, парите, славата и „познатиот“ љубовен живот. Холивидските ѕвезди ги бие гласот дека скокаат од кревет во кревет, но овие примери подоле го говорат спротивното.

a98314_sex-fact_1-timesНекои од големите холивудски ѕвезди ја чувале својата невиност се додека не запливаат во брачните води, додека пак другите го оставаат партнерот на чекање до свадбата.

Кевин Џонас

Кевин Џонас, најстариот од познатите браќа Џонас, јавно зборуваше за неговата апстиненција од секс пред брак, па дури и за „појас на невиност“. Во декември 2009 година пејачот се ожени со својата долгогодишна девојка Даниел.

Али Ландри

Поранешната мисица на САД, моделот и актерката Али Ландро во март 2012. откри дека со нејзиниот сопруг Алехандро Монтеверде првпат имале секс по нивната венчавка во април 2006 година.

simpson26f-1-webЏесика Симпсон

На врвот од својата кариера пејачката Џесика Симпсон откри дека е невина и дека не планира да има секс се додека не се омажи. Го одржа своето ветување се до својата 22. година кога во 2002. се омажи. Оваа нејзина одлука најверојатно се должи на нејзината строга баптистичка вера, а од нејзината 12 година по желба на татко и’ таа носеше „појас на невиност“.

Тина Феј

Познатата американска актерка и комичарка Тина Феј во март 2010. откри дека се воздржувала од сексуален однос се до својата 24. година кога се запознала со својот сопруг Џеф Ричмонд. Тие двајца сега имаат две деца.

292123 pireli limaАдриана Лима

Бразилскиот супермодел Адријана Лима, која стана српска снаа во март 2006. изјави дека никогаш порано немала сексуални односи и дека има намера да остане девица се до бракот. Лима во 2009. година се омажи за српскиот кошаркар Марко ЈАриќ, со кого до сега имаат две деца.

Мараја Кери

И покрај фактот дека пејачката Мараја Кери претходно беше во брак, одлучи дека со својот иден собруг Ник Кенон нема да имаат сексуални односи се додека не стапат официјално во брак.

„Ник и јас веруваме во исти работи и  одлучивме да чекаме со сексот се додека не бидеме во брак“, изјави таа во декември 2008 година. Не мораа долго да чекаат, бидејќи Кенон и’ предложи брак по само два месеци.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1