Апел за помош на Боро Стаиќ
“Во животот има многу моменти кои не дигнале на нозе, но некои луѓе само краток момент ги ставил во инвалидската количка.
Станува збор за млад живот кој поради повреда на ‘рбетните пршлени се здобил со целосна телесна парализа. Поради ова е потребно да направи операција надвор од нашава земја. А за тоа се потребни многу средства, кои семејството само неможе да ги обезбеди.
Еден скок во охридското езеро за Боро беше фатален и целосно го промени неговиот живот.
Боро има 18 години и живот пред себе, ајде да му помогнеме да се крене на нозе.
Општинска Организација на Црвен Крст од Кисела Вода, организира хуманитарна забава чии средства ке бидат наменети за лекување на Боро Стаиќ.
Забавата ќе се одржи во четврток на 28 февруари во дискотеката Б2 со почеток во 21 часот, а ќе настапат Бени и Нонстоп, Пеперминт, Метаверсус, Хепи енд и Визија. Билетот чини 150 денари.
Секој ден се фрлаат илјадници денари на цигари и алкохол од страна на младите, ајде наместо за една обична пијачка паричните сретства да ги вложиме онаму каде се најмногу потребни.
Затоа што силата е во нас младите, заедно можеме да разубавиме нечиј живот.Во животот никогаш не знаеме кога ќе ни биде потребна помош, а раката што дава не се суши. Затоа што додека ние шетаме, забавувајќи се во град, Боро ги поминува деновите надевајќи се за подобро утре.
Во Словенија постои болница каде може да биде извршена операција која ќе му го подобри здравјето , затоа наместо себично да седиме со скрстени раце, да ги споиме силите и да собереме сретства кои ќе му овозможат на Боро посветла иднина.
Несреќите се случуваат повремено, она што е трајно е доследноста во хуманоста на вистинските срца кои умеат да пружат помош и потоа остануваат среќни што некому вистински помогнале.
Да бидеме доследни!
Еве ги и телефонските броеви на кои може да се донираат по 100 денари од јавување:
070/143-112
075/143-171
077/143-402