Стројниците во паника – Интернетот им ја зема работата во Саудиска Арабија


Во Саудиска Арабија, каде разликите во половите права ја отежнуваат секоја средба пред свадба, интернет сајтовите и се закануваат на професијата на професионалните стројници, чии услуги ги користат оние кои се обидуваат да си најдат сродна душа, или пак сакаат да си земат втора сопруга, според принципот на полигамијата.

i pad kompjuterДенес, на ужас на стројниците, постојат над 200 страници на Твитер и десетина други сајтови, кои нудат услуги од двата пола, каде се бара брачен партнер.

„Интернет сајтовите и пречат на нашата работа. Преку нив луѓето се претставуваат под псевдоними и затоа не се веродостојни“, вели професионалната стројничка Ум Сами.

Според неа, многу од тие сајтови се на граница на измама, а некои се блиски и со организираната проституција.

„Бракот преку тие сајтови е осуден на стопроцентна пропаст“, вели Ум Сами, за која традиционалните методи ја докажале својата ефикасност.

Името на Ум Сами се пренесува усно. Со неа се поврзуваат семејствата кои сакаат да ги оженат синовите и омажат ќерките, и тогаш таа ги посетува домовите, ја презентира снимката од кандидатот или на кандидатката за брак, а ако тој или таа се согласи да ја снимат – за да и ја најде сродната душа.

При склучување на обичен брак, професионалната стројничка наплатува 2.000 риали (530 долари). Цената на еден друг брачен сојуз, наречен мисар, (или посетувачки брак) е повисока и изнесува до 5.000 риали (1.300 долари). Во тој случај, неа ја плаќа само мажот, а во замена за таа сума таа е крајно дискретна за тој сојуз.

prsten-375x250Затоа што, како што вели Ум Сами, во Саудиска Арабија постојат неколку вида на брак. Бидејќи во кралството сексуалните односи надвор од рамките на бракот се забранети, тие добиваат форма на сојузи, кои често пати се привремени.

Во случајот со мисарата (посетувачкиот брак), сопругот не е должен да ја издржува сопругата, ниту пак да и обезбедува живеалиште. Тој може според силата на брачниот договор да ја посетува во нејзниот стан, но да продолжи да живее на друго место, особено ако веќе има склопен прв брак.

Посебно во случај со разведените жени или водовиците, или пак со оние кои не се млади, тие го прифаќаат тој вид на брак заради строгите правила за подвоеност меѓу половите. Така на пример, еден неженет маж и една неомажена жена можат да бидат уапсени ако сами вечераат во ресторан, или пак се сами во автомобил.

Улемите (свештениците) во Саудиска Арабија ги сметаат тие видови бракови за законски, но интелекуалците и правобранителите ги сметаат за легализирана форма на вонбрачна врска.

SAUDI-SPRING-FESTIVALЗа разлика од работата на Ум Саит, интернет сајтовите ги понижуваат традиционалните бракови, но не и мисарата, ниту пак другите форми на привремени бракови кои се уште помалку прифатени, како на пример мисфар, кој е најчест кај оние кои патуваат, или пак мисфаф, прикладен за оние кои живеат во странство.

Амџад Исмаил, Саудиец на 20-годишна возраст кој си бара сопруга, не знае што да одбере. „Има толку многу можности и е тешко човек да се одлучи, но пријателите ме предупредија за некои интеренет сајтови кои можат да бидат вистинска стапица“, вели тој.

Повеќето од интернет сајтовите бараат од заинтересираните луѓе да платат некаква сума однапред, за да се осигураат дека клиентите се сериозни.

Абу Мухамед, маж на околу 40 години кој е женет и сака да си најде втора сопруга, вели дека имал лошо искуство кога си ја побарал судбината преку некој интернет сајт.

„Тие се обидуваат да извлечат корист од луѓето кои се поврзуваат со нив, најмногу кога се во прашање веќе оженети мажи“, вели Абу Мухамед. На крајот тој признава дека ги одбрал услугите на професионална стројничка. „Таа е подискретна“.

За социологот Абу Бакир Бакадер, младите луѓе повеќе се потпираат на интернетот, затоа што е тоа „полесен начин на започнување познанства“.

„Порано луѓето можеа да се запознаат со некого преку семејствата или соседите“, но тие времиња се надминати, и младите сакаат „помалку традиционални методи за договарање на средби, но и за и да ги избегнат вмешувањата на своите родители“

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1