Фотографиите на младите полицајци кои на бандитски начин позираат со пиштолите во рацете, беа објавени на друштвените мрежи по што стана вистински хит
Оваа скандалозна фотка на која полицајците се однесуваат по примерот на криминиалците, се појавила на фејсбук страницата на „Радио 021“, со опис „Локална банда“.
Српските медиуми дознаваат дека на фотографијата се наоѓаат дипломци од Центарот за основна политичка обука од Сремска. Од врвот на полицијата изјавија дека е покрената постапка против сите лица кои се наоѓаат на фотографијата.
„Ова е скандалозна фотографија и ќе биде покрената постапка против сите лица кои се наоѓаат на сликата затоа што ова претставува рушење на угледот на српската полиција“, изјавило официјално лице од Српското министерство за внатрешни работи.