ВМРО-ДПМНЕ со нов предлог – му дава една недела на СДСМ да поднесе листи


ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за доставување листи за градоначалници и советници за локалните избори закажани за 24-ти март, до 3-ти март 2013 година, со цел да се заштитат државните и национални интереси на Македонија.

sdsm vmroПо пакетот мерки кои го предложи лидерот Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ повторно упатува нов предлог до СДСМ за надминување на актуелниот политички предизвик и тоа утврдување на нов рок за доставување на листите за кандидати за советници и листите за кандидат за градоначалник кој би траел до 03.03.2013 година (недела) во 24 часот.

„Во овој рок сите политички партии ќе можат да ги достават листите. Оваа постапка би се овозможила со интервенција во преодните и завршни одредби на Изборниот законик и би се однесувала само за овие локални избори. Ако СДСМ денес го прифати овој предлог, утре на итна седница Собранието на Република Македонија би ги усвоило измените на Изборниот законик и тие би стапиле на сила веднаш”, рече Зоран Ставрески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку СДСМ донесе одлука за враќање во нормална работа на нејзината пратеничка група во Собранието на Република Македонија, би продолжил политичкиот дијалог по сите важни прашања.

zoran stavrevski„Воедно, заеднички, во утрешниот ден би ги усвоиле измените на Изборниот законик со кои се утврдува нов рок за доставување на листите за кандидати за советници и кандидат за градоначалник од страна на политичките партии”, рече Ставрески.

За настаните од 24.12.2012 година ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање Комисија која би имала надлежност да ги утврди сите причини, аспекти и настани кои доведоа до конкретната ситуација, по примерот на сите демократски држави каде секогаш се формираат комисии по случување на слични настани.

„Исто така , како што веќе се изјаснивме, за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлива и опцијата, односно предлогот кој го понуди Претседателот Ѓорге Иванов”, додаде Ставрески.

Имајќи предвид дека СДСМ бараше одложување на изборите со цел да има време да ги состави листите на кандидати за советници и градоначалници, со овој предлог на СДСМ му се овозможува цела една недела да го направи истото и да учествува на изборите без притоа да има потреба од одложување на изборите, што за ВМРО-ДПМНЕ е непотребно и неприфатливо, додаде Ставрески.

Според нив, ова е конструктивен предлог со кои се отвора можност СДСМ да влезе во нормалните политички процеси во Република Македонија на еден легитимен и разумен начин и да овозможи продолжување на интеграциските процеси на Република Македонија во евро-атланските структури.

 Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1