СДСМ го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за учество на локалните избори


Од опзициската коалција бараат доколку на советничките листи на здружената опозиција „Сојуз за иднината“ освои барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ, тогаш да има предвремени парламентарни избори.

Денешната прес конференција на Зоран Ставревски е врвно лицемерие со кое продолжи досегашниот неодговорен пристап на врвот на ВМРО ДПМНЕ, без елементарно чувство, разбирање и грижа за националните интереси и иднината на Република Македонија.

Јавноста повторно се увери во игнорантскиот однос на Никола Груевски за актуелната политичка криза и за уште потешките последици кои можат да произлезат од нејзиното продлабочување.

sdsm640nasaЗа потсетување:

Сојузот за иднина, не одлучи да ги бојкотира престојните локални избори затоа што немаше време да состави кандидатски листи, туку оваа наша одлука е одговор на партиско-полициски пуч на власта, во кој и самиот Ставревски по налог на Груевски беше директно вклучен, заради што беше суспендирана парламентарната демократија и поништен легитимитетот на државните институции.

Никој во Република Македонија нема дилема дека кредибилитетот на државните институции го даваат, и во конкретниот случај може да го вратат, единствено граѓаните преку своите гласови на слободни и фер предвремени парламентарни избори

Токму во тој контекст, претседателот Бранко Црвенковски, во име на здружената опозиција, на 15 февруари, предложи разумен, конструктивен и фер план за излез од кризата, според кој одлуката дали ќе има или не предвремени парламентарни избори да одлучат граѓаните на претстојните локални избори, а не ВМРО ДПМНЕ или СДСМ. Тој предлог гласи, ако на локалните избори, советничките листи на здружената опозиција  „Сојуз за иднината“ освои барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ, тогаш да има предвремени парламентарни избори.

Доколку во ВМРО ДПМНЕ навистина веруваат во подршката на граѓаните и во победата на претстојните локални избори нема никакво логично образложение зошто упорно го одбиваат овој предлог.

За жал, и после денешната прес конференција на која всушност и немаше никаков предлог од ВМРО ДПМНЕ, јасно е дека Никола Груевски искрено не посакува решавање на политичката криза.

(Интегрален текст од писмено соопштение на СДСМ) 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1