Дали јадете од портокалова чинија?


Најново истражување од јануари, оваа година ја потврди претпоставката дека бојата на садот во кој што се сервира храната или пијалокот влијае на вкусот.

il_fullxfull.365741021_cx10Истражувачи од Универзитетот во Валенсија и од Оксфорд докажале дека, на примерок од 57 волонтери, топлото чоколадо има најубаво вкус ако се јаде од портокалова шолја.

Иако чоколадото во сите шолји било исто, сите испитаници се согласиле дека напитокот послужен во портокалова шолја им бил највкусен, отколку кога бил послужен во бела или црвена шолја.

„Бојата на садот во кој што се сервира храната или пијалоците може да ја засилат аромата и да го подобрат вкусот“, тврсди Бетина Пикуерас Физман од Универзитетот во Валенсија.

Претходни истражувања покажаа дека жолтата шолја е идеална кога се работи за кисели напитоци или храна затоа што тие се перцепираат како лимон. Ладните бои, како сината, се подобар избор за чаша во која би служеле студени пијалоци, отколку топлите бои како црвената.

Izvor – 365

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1