Девет години од смртта на претседателот Трајковски


Новата истрага за падот на владиниот кингер, според најавите, треба да биде готова до крајот на годинава и, конечно, да ги открие причините за несреќата

Претседателот Борис Трајковски и неговите најблиски соработници, на денешен ден пред девет години, настрадаа при падот на владиниот кингер кај селото Ротимље во БиХ. Трајковски и членовите на неговиот Кабинет требаше да присуствуваат на меѓународна конференција која се одржуваше во Мостар.

trajkovski zaginati

g_avionska-nesreka-trajkovskiИ по девет години семејствата на настраданите, но и македонската јавност, ги бара одговорите за падот на владиниот авион. Уште на самиот почеток се јавија многу аномалии и чудни одлуки на истражните органи во БиХ и надлежните во СФОР кои во тоа време раководеа со државата.

Потрагата за паднатиот авион траеше дури 24 часа и наредниот ден беше соопштено дека претседателот, членовите на неговиот Кабинет и екипажот се мртви. Падот на авионот не го преживеал никој, а биле оштетени резервоарите на кингерот поради што избил пожар кој ги зафатил телата на неколкумина од настраданите, вклучувајќи го и претседателот Трајковски, беа официјалните информации кои пристигаа од БиХ.

trajkovski kingerИстрагата за несреќата траеше еден месец, а вината беше лоцирана кај пилотите кои не ја почитувале процедурата за слетување на мостарскиот аеродром. Контролорите од аеродромската кула кои ги даваа упатствата за слетување, припадници на францускиот контингент СФОР, никогаш не беа интервјуирани и експресно за 48 часа беа прераспоредени во база на друг контингент.

Многу домашни и странски експерти како и европратеникот Андрес Грос веднаш го оспорија извештајот за несреќата наведувајќи безброј пропусти. Дел од нив тврдеа дека станува збор за класична ликвидација, а скопскиот адвокат Игнат Панчевски тврдеше дека има докази кои го поткрепуваат тоа тврдење.

saat-500Покрај часовникот на една од жртвите кој е застанат половина час по официјалното време на падот на авионот, Панчевски тврдеше дека дел од патниците го преживеале падот, а некои од нив наводно разговарале со семејствата.

Тој минатата година излезе со шокантна изјава дека поседува сателитска снимка од падот на кингерот каде јасно се гледа дека е срушен со ракета испалена од друг авион.

Босанските власти формираа комисија која повторно ќе ја испитува трагедијата. На чело на комисијата е поставен босанскиот воздухопловен експерт Омер Кулиќ, со триесет и тригодишно пилотско искуство, кој лично го избра меѓународниот тим кој го раководи. Во својата кариера, покрај тоа што една деценија бил личен пилот на поранешниот претседател на БиХ Алија Изетбеговиќ, расветлил пет авионски несреќи.

Според неговите најави истрагата ќе трае меѓу шест и дванаесет месеци и ќе биде готова до крајот на оваа година.

Извор – Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1