Уште 15 македонски млекарници на тест: Денеска ќе се знае има ли во земјава Афлатоксин?


Во текот на денешниот ден ќе бидат готови резулатите од лабораториските анализи на домашното млеко во промет од преостанатите 15 македонски млекарници. Деновиве беа готови резултатите од анализите на 20-тина мостри земени од поголемите домашни производители и преработувачи на млеко, во кои не беше утврдена зголемена концентрација на афлатоксинот М1. Испитувањата се вршеа во лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина, каде што методите за испитување се акредитирани.

kravi1Измени во правилниците

Скандалот со афлатоксинот во дел од српските и хрватските млека, сериозно ги замисли и македонските институции, па сега одлучија да направат и измени во дел од Правилниците.

Досега на граничните премини лабораториски анализи се вршеа на само 50 отсто од увозните пратки, сега лабораториските анализи особено за присуство на афлатоксин на граничните премини ќе се прават задолжително на сите увозни пратки. Дополнително секоја македонска млекарница е должна пред да го пушти млекото во промет, да направи анализа за евентуално присутво на афлатоксинот М1.

Зошто порано не се вршеа контроли?

Дали требаше да се случи ваков скандал, за македонските потрошувачи конечно јавно да видат дел од извештаите од контролите на производите, прашуваат експертите? Предупредуваат дека контролите треба да се засилат, да се прават почесто и јавно да се изнеуваат извештаите.

Инаку присуство на афлатоксинот М1 над дозволените граници беше утврдено и во дел од пратките од српските и хрватските брендови кои влегле во земјава. Од Агенцијата за храна и ветеринарство, уверуваат дека спорните пратки се во магацините на увозниците и не стигнале до потрошувачите. За нив ќе бидат известени матичните компании во Хрватска и Србија, а пратките или ќе бидат вратени или уништени.

Извор – Фактор.мк

ЛИСТА КОИ МАКЕДОНСКИ МЛЕКА СЕ БЕЗБЕДНИ
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1