Врие во СДСМ по одбивањето на предлогот


Телевизија Алфа пренесува дека по вчерашното експресно одбивање на новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ, во опозицискиот СДСМ врие. Како што јавува Алфа, и последната одлука на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, без поширока консултација на членството и расправа во партиските тела, е тема на последните поделби и незадоволство на членството на СДСМ по одбивањето на предлогот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за враќање на опозицијата на закажаните локални избори.

sdsm-kongres-Помеѓу членството се јавило големо несогласување затоа што според многумина од оваа партија предлогот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е всушност прифаќање на предлогот на потпретседателот Зоран Заев за одложување на рокот за пријавување кандидати за градоначалници и советнички листи за претстојните локални избори.

Вицепремиерот Зоран Ставрески вчера предложи да се пролонгира рокот за кандидирање на локалните избори до 3 март, а во насока на надминување на политичката состојба, високо значење и позитивни резултати би имало и доколку СДСМ донесе одлука за враќање во нормална работа на нејзината пратеничка група во Собранието на Република Македонија, со што би продолжил политичкиот дијалог по сите важни прашања.

Во врска со настаните од 24.12.2012 година ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на Комисија која би имала надлежност да ги утврди сите причини, аспекти и настани кои доведоа до конкретната ситуација, по примерот на сите демократски држави каде секогаш се формираат комисии после случување на слични настани.

Ваквиот предлог експресно беше одбиен од страна на СДСМ со образложение:

-Сојузот за иднина, не одлучи да ги бојкотира престојните локални избори затоа што немаше време да состави кандидатски листи, туку оваа наша одлука е одговор на партиско-полициски пуч на власта, во кој и самиот Ставревски по налог на Груевски беше директно вклучен, заради што беше суспендирана парламентарната демократија и поништен легитимитетот на државните институции, стоеше во соопштението од опозициската партија, по што помеѓу членството се јавило големо несогласување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1