На една од најпознатите плажи во Нов Зеланд, Муривај, ајкула долга четири метри, проголтала пливач. Во моментот кога се појавила ајкулата на плажата имало околу 200 капачи – веднаш по несреќата плажата е затворена.
Очевидци изјавиле дека го виделе пливачот како се бори со ајкулата и довикува помош, му довикнале да отплива кон карпите, но несреќниот човек не успел да побегне од устата на животното.
Полицискиот инспектор Шон Рутин соопштил дека жртвата имала околу четириесетина години и бил одалечен 200 метри од брегот кога ајкулата го нападнала.
Телото на настраданиот маж е пронајдено, но неговиот идентитет не е соопштен.