Бугарскиот епископ Николај, кој е обвинет дека живее привилегиран живот, го понуди својот скап часовник да се даде на продажба и со парите да се плати долгот на црквата за струја.
“Николај на црквата Света Марина и го понуди Roleks часовникот, една од ретките лични работи што ги поседува, и дозволи тој да биде продаден а со парите да се платат сметката за електрична енергија”, објави една од најголемите цркви во градот Пловдив во централна Бугарија.
Бугарската православна црква иако има огромно богаство таа нема пари во оптек и свештениците живеат од донациите.
Црквата беше критикувана поради тоа што добива донации од богатите луѓе кои имаат потреба од углед. Скапиот часовник на Николај и автомобилот Линколн на неговиот колега од Варна, предизвикаа бројни коментари во локалниот печат.