Во Солун ќе се гради тематски парк за Александар Велики


Во Солун ќе се гради тематски парк посветен на Александар Велики, јави дописникот на МИА од Атина.

aleksandar statuetkaОвој амбициозен план го соопшти заменик-гувернерот на грчката област Централна Македонија, Јоргос Цамаслис, кој е одговорен за Солун, информирајќи дека паркот ќе зафаќа површина од 30 хектари.

Проектот е насловен „Александарленд“, а посетителите ќе имаат можност детално да се запознаат со животот на македонскиот крал од неговото раѓање, детството, преку образованието и обуката, до неговите походи за освојување на светот, соопшти Цамаслис.

Паркот ќе изобилува со интерактивни екрани, симулации на борби, аудио-визуелни презентации и изложби. Студијата за паркот им е доверена на експерти од универизтетот Аристотел, а за финансирање на изградбата ќе бидат поканети и заинтересирани меѓународни инвеститори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1