Непознати сторители синоќа провалиле во цркавата „Свети Петар и Павле“ во малореканското село Тресонче и однеле 32 дрвени икони.
Од СВР Тетово, чии екипи извршиле увид, информираат дека во цркавата е влезено откако биле отсранети металните решетки на прозорецот од јужната страна и е во близина на олтарот на црквата.
Сторителите одзеле 5 големи и 27 помали икони, а неколку ги оштетиле. Кражбата утрово ја пријавил М.Д (39) од ова село, чиј татко единствен жител во селото ја забележал. Покрај полицијата, во утврдувањето на штетата и другите детали, ќе учествуваат и претставници од Заводот за заштита на културно-историското наследство.
Кражба на икони и други црковни предмети во оваа црква имаше минатата есен.