Безжично полнење на сите батерии со технологија „Свети грал“


Ривалството меѓу ИТ компаниите ги спречува корисниците да дојдат до технологијата наречена „Светииот грал“, што претставува универзален, безжичен систем кој може да ја наполни секоја батерија – од оние за телефон до оние за лаптопи.

bateriiИмено, конкурентските компании моментно работат на различни методи кои не функционираат заедно. Експертите предупредуваат дека додека фирмите не почнат да соработуваат, нема да се добие оваа технологија во широката употреба.

Една од компаниите е „Qi“, која е меѓу првите што започнала да ја развива оваа технологија.

Компаниите HTC, Huawei, Motorola, Nokia и Samsung го сочинуваат Wireless Power Consortium, кој опфаќа 34 телефони, односно 120 апарати вкупно.

Системот го испробал дури и „Мекдоналдс“ во Европа. Овој синџир ресторани поставува плочи за полнење во масите, па сите корисници кои имаат компатибилни апарати, како што е Нокиа Лумиа 920, ќе можат да добијат бесплатно полнење на батеријата.

Интел, исто така, ја прикажа својата верзија на технологија за полнење на батеријата во телефонот преку лаптоп, така што апаратите само се приближуваат.

Марин Солаи, професор по физика на Технолошкиот институт во Масачусетс, во 2007 година покажа како е можно да се пренесе електрицитет да големи растојанија со помош на магнетни полиња, палејќи сијалица од 60 вати безжично. Сега и тој развива систем за пренос на електрична енергија потребна за сите домашни апарати – од сијалици до телевизор.

Технологијата би можела да се користи дури и за полнење на електрични автомобили.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1