Куче спаси тинејџерка од силување


Деветнаесетгодишна девојка од Нов Зеланд тврди дека нејзиниот љубимец ја спасил од силувачот кој ја нападнал на 24 февруари, за кого локалната полиција се уште трага.

kuceТинејџерката од новозеландскиот град Крајстчрч, чиј идентитет не е објавен, тврди дека да не било нејзиното куче, кое го усвоила пред два месеци, таа ќе била силувана и најверојатно убиена.

Таа во неделата наутро тргнала во потрага по своето куче, но непознат маж ја зграбил во заседа, во намера да ја силува.

– Ме исече повеќе пати со некој предмет, но не чувствував болка. Викав и барав помош. Помислив, дека ако веќе сака да ме убие, можам барем да се обидам да се бранам, рече таа.

Меѓутоа не можела да го совлада насилникот. Кога помислила дека се е изгубено, одненадеж се појавило нејзиното куче, 13-месечен германски овчар кој повеќе пати го гризнал злосторникот.

– Тој е вистински херој. Неверојатен е. Мислам дека не би била сега овде тој да не ме спасеше, вели таа.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1