…Жена ми се разболе. Беше постојано нервозна поради проблеми во работата, приватноста, нејзините неуспеси, проблемите со децата. Таа загуби 15 килограми тежеше само 40 килограми, а има 35 години.
Се стопи, постојано плачеше и беше разочарана од сè и од сите. Ништо не ја радуваше, постојано ја болеше главата, срцето, нервите во ‘рбетот и ребрата. Спиеше лошо, не можеше да спие по цели ноќи и наутро беше уморна. Врската ни беше на работ.
Убавината ја снемуваше… и се појавија ќеси под очите, таа престана да се грижи за себе. Одбиваше да снима филмови и воопшто сите други улоги. Јас изгубив надеж и мислев дека наскоро ќе се разделиме …
Но, решив да дејствувам и да превземам нешто. Ја имам најубавата жена во светот. Таа е идеал на повеќе од половина жени и мажи на земјата, а мене ми дозволила да спијам до неа и да ја прегрнувам. Почнав да ја засипувам со цвеќе, бакнежи и комплименти. Правев изненадувања и се радував секоја минута со неа. Ја изненадував подароци и живеев заради неа. Им зборував на луѓето само за неа. Сите теми се сведуваа на нејзина страна. Ја фалев пред моите и нашите заеднички пријатели.
Нема да поверувате – таа повторно расцвета. Стана поубава отколку што беше порано. Додаде тежина, престана да се нервира и ме бакнуваше посилно отколку порано. Јас дури и не знаев дека таа може ТАКА да бакнува.
И сфатив едно:
Жената е одраз на мажот и ако ја сакаш до безумие, таа ќе ти одговори со истото!
Izvor – Crnobelo.com