Венчавката на Џамил и Нагме требало да се одржи во саботата во 10.30 часот во Мурднагару, во североисточната држава Утар Прадеш.
Но, долгото чекање на младоженецот, кој задоцнил повеќе од седум и пол часа, ја натерало младата жена да го промени планот и да најде замена.
Кога Џамил конечно пристигнал на својата венчавка, невестата и нејзиното семејство не го криеле бесот. Дури и полицијата морала да интервенира за да ги раздвои завојуваните страни.
За невестата, сепак не било се изгубено и била цврсто решена да се венча со кого било.
Младата го рекла судбоносното “да” на друг младоженец, кој го избрале родителите на невестата во целиот метеж.