Сеуште непозната девојка испратила двајца во болница. Момче на 29 годишна возраст добило шише во глава, додека 22 годишна девојка завршила со исеченици од удар со чаша во пределот на лицето, пишува прес 24
Засега непозната девојка направила вистински хаос во ноќниот клуб Сектор, лоциран на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје. Како што дознава Press24 од полициски извори, утрово околу 3 часот докторите од Градската болница во Скопје пријавиле дека примиле 22 годишна девојка која имала телесни повреди во вид на исекотини добиени во тепачка во клубот Сектор.
Кога пристигнале полицисикте службеници, девојката им објаснила дека ја нападнало непознато женско лице додека таа стоела на шанкот во клубот. Ја удрила со чаша во главата.
Истовремено и 29годишно момче во полиција пријавило дека било напанднато од непознато женско лице. Како што им кажал на полицајците, додека стоел на шанкот, забележал две девојки како се расправаат. Во еден момент, едната девојка го удриа со шише по главата од што се здобил со исекотини.
Од МВР го потврдуваат случајот но се уште истражуваат, дали овие два инциденти се поврзани и дали станува збор за истиот напаѓач, по кој полицијта се уште трага
izvor – press24