Интегрално – ова е текстот од договорот меѓу власта и опозицијата


sdsm-vmro

Договор за решавање на политичката криза

  • за поддршка на стратешките приоритети на земјата:
    • преку меѓупартиски Меморандум за разбирање (или собраниска резолуција) со кој се потврдува поддршката за агендата за евро-атлантски интеграции, и обврзаност за воздржување од дејствија кои ја поткопуваат оваа цел.
  • за враќање на нормалниот политички живот:
    • сите партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на закажаните локални избори. 
  • за поддршка на непосредните клучни реформски мерки, вклучително и:
    • подобрување на функционирањето на Собранието, вклучувајќи ја и иницијативата на Претседателот за формирање на ад хок Анкетна комисија (која би ги разгледала, меѓу другото, настаните на и пред 24. декември, вклучувајќи ја и нивната уставност, обезбедувањето во и надвор од Собранието и преглед на собраниските процедурални правила), резултатите од кои би биле се рефлектирале во Извештајот за напредокот од страна на Европската Комисијата кој ќе биде објавен во есента 2013 година.  
    • изборна реформа, по локалните избори, вклучително и во однос на избирачкиот список (на пример пост-изборна ревизија на списокот) и други препораки од страна на ОБСЕ/ОДИХР. 
    • слобода на изразување, на пример продолжување на дијалогот со новинарите, воден од Здружението на новинари, и други мерки за изградба на довербата.  
  • за изборниот календар:
  1. да се обезбеди соодветно време за регистрирање на кандидатските листи за локалните избори. 
  2. да се оствари средба непосредно по локалните избори за да се разговара за внатрешно-политичката ситуација, вклучувајќи ги и наодите на Анкетната комисија за настаните од 24. декември, и да продолжат разговорите, со добра волја, за сите опции, и без прејудицирање за дефинирање на времето за одржување на следните парламентарни избори, врз основа на спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, така што резултатите да може да се земат предвид во следниот Извештај за напредокот од страна на Европската Комисија.  
  • ЕУ:
  1. со Европската Комисија да се закаже четвртиот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво (март) во кој ќе биде вклучена Владата и Националниот совет за Европски интеграции. 
  2. Европската Комисија да го достави својот Извештај, како што бара Советот, до средината на април. 
  3. Европскиот Парламент да закаже гласање за својот Извештај во позитивна и конструктивна рамка.

Izvor – Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1