Од МВР информираат дека пет полицајци се пожалиле на повреди и тројца граѓани кои нашле на местото на инцидентот. Оштетен е автобус и неколку возила, полициски и цивилни
Според МВР, попладнево пред зградата на Владата дошло до судирот меѓу полицијата и група млади кои протестирале пред зградата на Владата. Неколку полицајци се пожалиле на поврeди, оштетени се полициски возила, приватни возила, градски автобуси.
протестот беше организиран од здружението на бранители Достоинство против одлуката Талат Џафери да биде министер за одбрана. Како што информираат од МВР, демонстрантите кои биле главно малолетни лица почнале да фрлаат со шишиња и камења кон полицисискиот кордон, што ја обезбедувал зградата.
Од МВР потврдуваат дека биле уапсени неколку лица, по што толпата била разбиена. Дел од групата се распрснала и се упатила кон железничка станица. Во центарот на Скопје има засилено присуство на полицијата.