,,Етнички судир во Скопје,, – наслови во странските медиуми за вчерашните судири


Светските агенции како  Асошиејтед Прес, Ројтерс, ДПА, ја пренесоа веста за протестите и немирите во Скопје. Пренесуваат фотографии, видеа – а насловите ,,етнички немири во скопје,, ранети полицајци искршени возила,, ,, врие во Скопје,, … 
macedonia-1Неколку стотици етнички Албанци во главниот град, Скопје, запалија автобус, неколку автомобили и нападнаа продавници, јавува и телевизијата РТ. каде со фотографии и видео е пренесена веста од Скопје.
Асошиејтед Прес известува дека во двата протести се повредени 22 луѓе, од кои 13 полицајци. Се објаснува дека прво протестирале Македонци, а потоа Албанци, во врска со назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана. Двата протеста станааа насилни, се вели во извештајот.
macedonia.siГерманската ДПА пак во својот извештај кратко информира дека полицијата употребила солзавец откако демонстранти – Албанци почнале да фрлаат камења и шишиња врз нив, како и дека 18 луѓе се повредени, а 11 уапсени.
Етничките тензии продолжуваат да тлеат во сиромашната поранешна југословенска република повеќе од една деценија, откако таа беше доведена на раб од граѓанска војна за време на етничките албански герилски борби, јавува “Ројтерс“ од Скопје.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1