Вистинска семејна драма се случувала во петокот во едно неготинско село, дознава “Дневник”. Двајцата сопружници повеќе време имале семејни проблеми, жената го напуштила мажот и отишла да живее кај своите во друго село.
Tој во петокот и пратил мејл порака во која и напишал дека ќе го отруе заедничкиот малолетен син. Испаничена, таа веднаш побарала помош. Човекот од кој побарала помош веднаш реагирал. Стапил во контакт со разочараниот сопруг кој пак рекол дека нема да му наштети на синот – објаснува близок на сопружниците.
Во меѓувреме во полицијата стигнала пријава дека истиот разочаран сопруг самиот се затрул – испржил јајца за јадење и потоа ги попрскал со отров. Иако неговото синче исто така сакало да јаде од јајцата, таткото не му дозволил и самиот го изел приготвеното јадење. Откако се затрул, завршил во болница во Скопје – кажува нашиот извор.
Во моментов тој се наоѓал вон животна опасност.
Од МВР потврдуваат за “Дневник” дека маж од неготинско село се затрул во петокот со прашкаста материја. Истрагата велат била во тек, но најверојатно станувало забор за обид за самоубиство.
Извор – Дневник