Кина и официјално има невидлив брод (Видео)


Кинеската морнарица испорача нов тип на невидлив „stealth“ ракетен брод со кој се очекува Кинезите да ја зголемат својата поморска одбрана на земјата, за време на територијалните спорови.
Бродот кој државната агенција „Xinhua“ објави дека е од типот „stealth фрегат тип 056“, бил доставен до кинеската морнарица вчера попладне, за време на една церемонија во Шангај.

Морнарицата на Народната ослободителната војска на Кина ќе изгради вкупно 20 вакви фрегати, кои треба да ги заменат старите модели и да ја засилат можноста за патролирање и следење на бродовите и подморниците во водите на Јужното и Источно Кинеското море.

kruzer brodБродот има елегантен дизајн и ја намалува рефлексијата и тешко може да се забележи на радарите, а вооружен е со ракети брод-брод и противавионски ракети. На бродот служат 60 морнари што е за две третини помалку отколку на старите слични бродови.
Командантот на морнарицата Ву Шенгли, нагласил на значењето на вооружувањето и способноста на ваквиот брод, имајќи ги во предвид поморските спорови.
Повика на континуиран раст и модернизација на елитата, на поморските спорови. Тој повика на континуиран раст и модернизација на елитата на поморските сили способни за водење и добивање на војните.
Минатиот месец, кинеските државни медиуми објавија дека вооружените сили на земјата им било кажано да ја подигнат борбената способност во 2013 година. Претседателот Ху Џинтао, кој на тоа место ќе го замени Кси Јинпиг, изјави во ноември минатата година на конгресот на партијата, дека Кина треба да стане поморска сила.
Извештаите сепак не ја специфицираат големината на бродот, но укажуваат дека тој има добри перформанси и електромагнетни Стелт способности и дека е потребно само една третина од екипажот од претходниот тип 053. Бродот воглавно ќе се користи за набљудувачки мисии и следење на други бродови и антиподморнички операции, се вели во извештајот.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1