Пропаѓа земјата и во Македонија – голема дупка се отвори во Битола


По пријава на локалното население од битолската населба „Смилевски Баир“ каде што на улицата „Смилевска“ била забележана невообичаено голема дупка, денеска увид на самото место изврши екипа на Дирекцијата за заштита и спасување и општина Битола.

rupaОд Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека дупката мора да се затрупа за да се спречат несакани проблеми ниту пак некој да се доведе во опасност.

– Според првичните проценки станува збор за отвор, можеби е пештера од Втората светска војна врз која сега е трасирана улица. Дупката мора да се затрупа бидејќи е во населено место и во непосредна близина има куќи. Површински, отворот е широк и долг 4 метри, а длабок 3 метри, но можеби од подземните води отворот би се зголемил и затоа превентивно ќе се дејствува, истакна Димче Јошевски, раководител на Дирекцијата за заштита и спасување, одделение во Битола.

Општина Битола веќе презела мерки и активности за затворање на отворената дупка за да не се случат дополнителни оштетувања на улицата, како и остранување на потенцијалната опасност или проблеми по локалното население.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1