Васил С. (80) паднал во отворот за лифт во висина од 5 метри во зградата број 9 на улица Михаил Чаков во Кисела Вода
Според информациите, утрово околу 11 часот, Васил С. не забележал дека го нема лифтот, ја отворил вратата и паднал во отворот.
Се здобил со тешки телесни повреди поради што веднаш бил префрлен во Градската општа болница. Полицијата излегла на терен и се уште се врши увид.