Гучи ја претстави својата нова еко чанта од колекциите „Jackie“, „Hobo“ и „Tote“ која доаѓа со „пасош“ во кој детално е опишана историјата на кравата од која е изработена чантата.
Овие чанти се направени исклучиво од животни кои се одгледуваат на легални ранчеви во Бразил.
Бразил е најголемиот извозник на животинска кожа, а не е непознатo дека одреден дел од истата се испорачува во Италија, каде во фабриките таа станува „италијанска кожа“.
Кожата од бразилска крава е најбарана во модната индустрија години наназад.
Едно истражување од 2009-та година кое го спроведе Greenpeace покажува дека токму поради оваа причина, многу ранчери во Бразил ги уништуваат дождовните шуми за да направат доволно место за својата стока.
Тоа значително ја оштети животната средина, па апелот кој оваа организација го упати сепак ги освести модните куќи.
Гучи престана да ја користи бразилската кожа по овој извештај, меѓутоа нивната повторна соработка се врати на модниот пазар со оваа еко чанта.
Сепак, од модната куќа тврдат дека кожата е добиена од крави кои се одгледуваат на легални ранчеви, што е опишано и во „пасошот“ на чантата.
„Се надевамде дека сме пионери на нешто што ќе стане тренд во модната индустрија. Знаеме дека нашите кленти се менуваат. Потрошувачите не се задоволни само со убав производ. Тие сакаат да знаат од каде доаѓа производот и како е направен“ , изјави Диана Зането, потпретседателка на Гучи.