Граѓаните на Македонија од мај ќе може од аеродромот „Александар Велики“ директно да летаат до Стокхолм, Шведска. Летовите ќе ги реализира нискобуџетната компанија Виз Ер, секој понеделник и петок.
Како што соопштуваат од компанијата директната линија ќе биде воспоставена од 3 мај, неколку дена пред првичниот план. Најниската цена на авионската карта е 1.690 денари и веќе може да се направат резервации.
Корпоративниот директор за комуникации на Виз Ер, Даниел де Карвалхо изрази задоволство што нивните ниско-буџетни карти се се повеќе популарни за македонските патници и странските посетители. – Нашата нова дестинација до Стокхолм е втора рута од Скопје до скандинавскиот пазар и деветта интернационална рута што ја поврзува Македонија со популарните европски дестинации. Со ниски цени на авионските карти, убедени сме дека оваа рута брзо ќе стане бестселер за појдовни и дојдовни туристи, истакна Де Карвалхо