Топ 10 варварски обичаи во 21 век


Канабализмот, осакатувањето, чедоморство, се практики кои треба да се дел од минатите традиции, но за жал се задржани до ден денес, дури и во развиените светски земји.

ZrtvovanjeКога мислиме на варварските обичаи, обично ги поврзуваме со некое дамнешно минато, како што се античките времиња. Но, ако мислите дека до толку сме еволуирале и дека паганските традиции сме ги оставиле во минатото, тогаш сте во голема заблуда. Ќе се изненадте од фактот дека некои племиња се уште јадат човечко месо, како и во многу исламски земји, на жените и понатаму им ги осакатуваат гениталиите на најсуров начин. Тоа се разбира не е се. Ќе сватите дека човекот не отишол премногу далеку од своите примитивни претци.
Еве десет обичаи кои се задржале до денес.

10. Лов на вештерки

Во Папуа Нова Гвинеја, жените ги соблекуваат голи ги прекриваат со гас и ги палат живи во гробови направени од гума, пред стотина очевидци, а сето тоа затоа што наводно биле вештерки.

VesticaДа не се гасот и автомобилските гуми веројатно ќе се добие претстава дека ова се случува во 16 или 17 век, а не во 2013 година. Нова Гвинеја не е единственото место каде што се палат вештерки. Повеќето општества во Африка уште практикуваат лов на вештерки и тоа не го прават само изолирани групи на луѓе. На пример претседателот на Гамбија, Јахуа Џеми, покренал кампања на лов на вештерки во 2009 година, која претставува еден вид на терор со што голем број на жители биле приморани да ја напуштат земјата. Во Индија, исто така, поради ваквиот лов биле убивани 200 жени годишно, додека во Саудиска Арабија, вештерството е казниво со закон, а казната е смрт.

9. Ропство

Во модерните земји, денес, ропството е осудно и се гледа како едно црно минато. Но, тоа не е случај. Меѓународната организација на трудови организации во светот, вели, дека во моментов има повеќе од 10 до 30 милиони робови, далеку повеќе од кога било во човековата историја.

RoboviДури во текот на 18 век, кога ропството во Америка го имаше својот зенит, имало само шест милиони угнетени.
Низ целиот свет, мажи, жени и деца биле измамени, излажани, киднапирани и принудени на секаков вид на ропство. Само во САД 100,000 деца биле заробени во синџирот на трговијата со луѓе и сексуално искористување. Трговијата со луѓе генерира прилив од 32 милијарди американски долари и се очекува наскоро да ги надмине добивките од трговијата со дрога.
Во некои земји робството е поврзано со принудната работа, како што е случај во Азија, каде што околу 12,3 милиони луѓе биле принудени да работат. Жртвите обично остануваат незабележани како робови, бидејќи тие работат во ресторани, хотели и слични индустрии. За тоа време нивните шефови заработуваат, а не плаќаат за нивната работа и ги држат под закана на смрт или ги дрогираат.

8. Трговија со деца

ROMSKA DECA SE IGRAJU ISPRED ŠATORAТрговијата со деца е едно од најбруталните типови на ропство и претставува голем проблем на современото општество.

Сепак е неразбирливо зошто толку многу родители низ целиот свет ги продаваат своите деца и ги препуштаат на суровиот свет на страдање.
Она што е навистина неверојатно е бројот на вебсајтовите каде што сиромашните родители им ги нудат своите деца во замена за пари.
Трговците се обидуваат да ги измамат родителите, тврдејќи дека ќе им обезбедат подобар живот, прикажувајќи им слики на насмеани деца кои изгледат како да се среќни и на распуст.

7. Канибализам

Со исклучок на психопатите и понекогаш луѓето кои поради сиромаштијата се приморани да се јадат едни со други за да преживеат, и понатаму постои канибали кои јадат човечко месо како дел од својата култура.
LobanjeНекои тоа го негираат, други го признаваат, а племето како што е „Korovaia“, признава дека ги јадат припадниците од својата група. Тие живеат во Нова Гвинеја, во Индонезија, и имаат долга традиција на јадење на човек. Со оглед на тоа дека племето живее изолирано од светот, не чуди и тоа што овој обичај се задржал до ден денес. Нјаголем оброк им е (врачот) кој што наводно го мачат, убиваат па потоа го јадат, а почнуваат од мозокот.
Покрај ова племе, постојат гласини дека постојат уште неколку племиња човекојадци во Јужниот Пацифик.

6. Жртвување на луѓето

Некои групи на Индуси и понатаму практикуваат илегална традиција наречена „sati“. Во прашање е обичај на погреб, во кој вдовицата доброволно или принудно, е фрлена во кладата каде што се наоѓа нејзиниот сопруг, каде што ќе биде запалена.

Devojcica-u-AfriciЖените со тоа ја изразуваат својата посветеност на мажите кои се подготвени да убиваат или да бидат убиени.
Во 2011 година, новинарите на Би-Би-Си откриле дека во Уганда, децата ги жртвуваат и дека тоа е добар бизнис во престолнината на оваа афричка држава Кампали. Наводно богатите луѓе плаќаат на врачарите да ги жртвуваат децата, верувајќи дека нивната жртва ќе придонесе за добро здравје и среќа.
Практиката е до толку распостранета што предупредувањата се поставени на улицата за да родителите бидат информирани за киднаперите и со тоа да се сузбие овој организиран криминал.

5. Јавни егзекуции

Од 20 век, егзекуциите биле јавни настани на кои се забавувале целите семејства, но овој обичај полека се изгубил низ историјата. Но, не во целост.

Tan2013-1-29_144752607_3Во некои места јавното погубување никогаш не е укинато и одредени земји и понатаму го користат овој вид на казна, како би ги оттргнале луѓето да прават криминал.
Најголемите вакви случаеви се забележани во Иран. Откако се соочија со голем степен на криминал, иранските официјални лица, одлучија да суспензијата не се врши во рамките на затворските ѕидови, туку на централниот плоштад во Техеран, за да можат сите да бидат сведоци. Меѓу осудените има убијци, силувачи, прекршители поврзани со дрога.

4. Сурово и невообичаено казнување

Ако има нешто полошо од јавните егзекуции, тоа е извршувањето на тортура. Во некои делови од светот не е доволно само да се убие виновникот. Туку се смета за спсолутно неопходно да се мачи што е можно повеќе, за да се дисциплинира.

Tan2012-5-4_1722367_0Една од бруталните тортури е прксата на каменување која подразбира да луѓето, осудениците ги маваат со камења над појасот, додека не умрат. Мора да се користат камења со вистинска големина, ни премали, ни преголеми, затоа што не е смислата да бидат веднаш убиени, а доколку тоа го направат и тие што мавале можат да бидат осудени.
Каменвањето е легално во Саудиска Арабија, Пакистан, Јемен, Обединетите Арапски Емирати, Судан, Иран и делови од Нигерија.
Каменувањето е само едно од суровите казни. Во Саудиска Арабија вадењето на очите и сечењето на главите и понатаму се легални казни. Во Нигерија ампутацијата поради грабеж е совршено оправдана. Во Сингапур камшикувањето и тепањето се доста чести.

3. Чедоморство

Убиството на бебињата за жал повеќе векови е пракса која се случува од повеќе причини. Некои од нив е поради неможноста на родителите да се грижат за детето или потреба од контролата за раѓање, како што бара државата. Оправдувањата, нема да верувате, ја вклучуваат дури и верата.

BebaПовеќето случаи се случиле во Кина, кои поради контрола на раѓањето се соочуваат со вакво ѕверство речиси на дневна база. Она што веројатно не сте знаеле е тоа што чедоморството е застапено и во Холандија.
До пред 10 години, еутаназијата била легална во ова западноевропско кралство, а сега е проширена и за родителите кои сакаат да ги успијат своите болни и неподвижни деца. Одобрувањето на еутаназја, според нив, е хуман чин отколку да го оставите непосакуваното дете некаде да умре покрај некој пат. Успивањето на бебињата за да се спречи нивното патење, е едно, но сега адвокатите сакаат да ги прошират овластувањата кои вклучуваат и несакани деца.
Во Холандија 8% од бебињата кои умираат ги успиваат лекарите.

2. Осакатување на гениталиите на жените

Темата е доста тешка, но споменувањето на модерниот варваризам не смее да се изостави. Постапката вклучува хируршко отстранување на надворешните делови на женските гениталии.

Devojcica-u-AfriciОваа практика е присутна во некои делови на Африка и на Блискиот Исток, каде што ваквиот чин е обичај уште од 484 година п.н.е. Во овие земји наводно причините се од религиозна природа, а процедурата служи за да се ограничи женското либидо.
Светската здраствена организација и лидерите ширум светот се обидуваат да ги прекинат ваквата традиција, со аргумент дека не постојат здраствени предности од ваквата интервенција, која само може да предизвика долгорочни компликации. Не постојат религиски записи кои ја прецизираат ваквата пракса.

1. Крвави празници

Крвавите прослави се организираат во Шпанија, околу поголемите празници и го вклучуваат населението на цели градови, кои брутално ја мачат и убиваат стоката.

Festival u cast Svetog Antuna, zastitnika zivotinjaСите сурови делови од средновековните обичаи, се задржале, а селание мислат дека ништо не е така добро, како фрлањето на козите од врвот на кулите или покривање на бикот со топол восок, и погодвање на истиот со ножеви и копја додека тој трча по улицата и полека умира. Оној кој што ќе го убие бикот, ја има честа да ги добие неговите уши, опашка и тестиси кои ќе ги прободе на копје, а потоа ќе ја има честа да ги изеде истите.
Во Шпанија се организираат десет од дваесет крвави празници во текот на годината, а слични се организираат и во Португалија, Мексико и Бразил.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1