Роберт Скјавели од Њујорк е осуден на казна затвор во траење од 30 дена и казна од 500 долари поради тоа што гласно се смеел во својт стан.
Според „Њујорк пост“ пријава против Скјавели поднел неговиот сосед, со кој подолго време бил во лоши односи.
– Не знаев дека смеењето претставува кривично дело, изјави 42-годишниот Скјавели, кој живее заедно со мајка му на Лонд Ајленд.
Скјавели изјави дека неговиот сосед постојано го исмева, нарекувајќи го ретардиран поради неуролошките нарушувања од кои страда од раѓање.
– Што можам друго да правам освен да се смеам кога некој ме нарекува ретардиран, праша Скјавели