Скандал во Прилеп: Им го фалсификувале потписот и ги кандидирале за советнички


Со фалсификувани потписи, тројца членови на избирачкиот одбор во Прилеп биле кандидрани како советници на листата на Народното движење на Македонија, објавува Вест. Според весникот наставничките Славица Велеска – Мирческа, Билјана Тромпеска и Јас­ми­на Алампиоска никогаш не се согласиле да бидатдел одлистата на НДМ

izbori livce“Си ги прочитавме имињата во локалниот весник ‘Зенит’. Некој ги фал­си­фи­ку­вал потписите и нe запишал на кандидатската листа со матичниот број. Дури пишале дека сме фризерки и козметичарки, а ние сме нас­тав­нич­ки и членки на избирачки одбори. Добиле документ од судот за не­о­су­ду­ва­ни.

А не сме потпишале изјави ниту знаеме дека сме биле на листите ни­ту, пак, сме членови на некоја партија. Знаеме дека само исчезнаа ко­пи­и­те од личните карти при поднесувањето на документите во општинската из­бор­на комисија (ОИК) каде што бевме утврдени за членови на из­би­рач­ки одбори.

Побараа и копии од трансакциски сметки и открија дека ис­чез­на­ле копиите од личните карти, и ни побараа нови копии”, велат нас­тав­нич­ки­те од ОУ “Добре Јованоски” Славица Велеска – Мирческа и Јасмина Алам­пи­о­ска за весникот Вест.

Прет­се­да­те­лот на партијата НДМ Јанко Бачев за Вест тврди дека сите кандидати за советници ги минале општинските партиски филтри и дале виза да би­дат кандидати.

Извор – Вест

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1